Барселона – домот на неповторливиот луд генијалец Антони Гауди, со заштитниот знак на градот – црквата ”Саграда Фамилија” и стадионот “Камп Ноу” на еден од најпопуларните фудбалски тимови во светот , никого не остава рамнодушен.
Ако сакате вистински да ја почувствувате Барселона, тогаш испланирајте си најмалку 7-8 дена за посета на оваа каталонска убавица, а на вашата листа за активности кои не смее да ги пропуштите, запишете ги следниве:
- Посетете ја цркавата Саграда Фамилија ( Sagrada Familia) – разгледајте ја и нејзината внатрешност, еднакво е спектакуларна како и нејзиниот надворешен изглед.
- Поминете едно попладне во Паркот Гуел (Park Guell) и уживајте во прекрасната панорама на градот седнати на колоритните , мозаични клупи.
- Не заборавајте да ги посетите и останатите архитектонски дела на Гауди – Каза Мила (Casa Mila) позната и како Ла Педрера и Каза Батло. (Casa Batllo)
- Одвојте доволно време за посета на Музејот на Пикасо и Музејот на Миро , како и за Музејот на современа уметност.
- Прошетајте ја улицата Ла Рамбла – од почеток до крај.
- Фатете сонце на плажата Барцелонета и разгледајте ги интересните скулптури кои се поставени долж целата плажа.
- Прошетајте кај пристаништето, каде по пат ќе ве пресретне голем споменик на Кристофер Колумбо.
- Испијте кафе и пробајте гелато во едно од многуте кафулиња во Готскиот кварт.
- Возете се со жичара до ридот Монжуик.
- Направете видео снимка од Магичната фонтана на Монжуик.
- Заиграјте фламинго на Фламинго вечер.
- Пробајте паеља и испијте барем една голема чаша Сангрија.
- Посетете го пазарот Ла Бокериа.(Mercado de la Boqueria)
- Одморете од пешачење на плоштадот Каталуња. (Placa de Catalunya)
- Поминете под Триумфалната капија. (Arco de Triunfo)
- Седнете на познатата Барселона столица во Павилјонот Барселона, дело на познатиот архитект Мис Ван Дер Рое.
- Запознајте го подобро морскиот свет во Аквакриумот.
- Ако сте страствен навивач на ФК “Барселона” , фан на Меси, Пике, Суарез и останатите фудбалери на овој тим, тогаш посете го стадионот “Камп Ноу” (Camp Nou), a ако имате среќа да се игра натпревар за време на вашата посета на Барселона – на време набавете си влезници.
Ќе заврши вашата посета на Барселона, а вие веќе на пат кон дома ќе правите план за нејзина повторна посета. Навистина – Барселона е секогаш добра идеја!