И оваа година, The Henley Passport Index изработи топ листа на најмоќни пасоши во светот. Листа ги рангира пасошите според тоа во колку држави може да се влезе без виза и за колку држави е потребна виза. Оваа листа се базира на податоци обезбедени од International Air Transport Authority (IATA) и опфаќа 199 пасоши и 227 дестинации. Се ажурира во текот на целата година со секоја измена на визната политика.
Оваа година првото место го делат јапонскиот и сингапурскиот пасош – најмоќни во светот, со кои може без виза да се влезе во 193 држави.
На второ место е пасошот на Јужна Кореја со влез во 192 држави без потребна виза, а третото место го делат пасошите на Шпанија и Германија со 191 држави за кои не е потребна виза.
Топ 10 листата на најмоќни пасоши изгледа вака: