Ако отсекогаш сте сонувале да отидете на Малдиви и да престојувате во еден од прекрасните бунгалови над вода, а не сте имале можност, сега таква опција имате во наша непосредна близина – во Грција.

Stella Island Resort  се наоѓа на грчкиот остров Крит, оддалечен 5 километри од градот Hersonissos, со 5 ѕвезди, има 225 соби и е само за возрасни лица.

Ќе имате чувство како да се наоѓате на Малдиви, но има една важна разлика – овие бунгалови не се наоѓаат над океан, ниту над море, туку над огромен базен.

Иако се наоѓаат над базен, овие бунгалови изгледаат неверојатнo и се вистинско место за комплетна релаксација, со приватни тераси, џакузи, лулашки, теретана.