Photo: Markus Winkler/Unsplash

Откако двата македонски аеродроми повторно се отворија во јули оваа година, кои беа затворени од март како последица на ширење на Covid-19 низ целиот свет, повеќето од авионските линии постепено се обновуваат, со исклучок на неколку.

Во моментов од скопскиот аеродром се лета до 21 дестинација: Истанбул, Загреб, Белград, Виена, Цирих, Малме, Базел, Лондон, Минхен (Меминген), Дортмунд, Гетеборг, Ајндховен, Франкфурт, Хамбург, Стокхолм, Келн, Фридрихшафен, Нинберг, Берлин, Копенхаген и Турку.

Од аеродромот во Охрид моментално се лета само до Цирих.

Од 10-ти декември 2020 авиокомпанијата “Wizz Air” има најава дека ќе ги врати летовите од Скопје до: Париз, Малта, Братислава, Баден-Баден, Брисел, Будимпешта, Рим, Венеција и Милано, како и летовите од Охрид до: Лондон, Базел, Малме, Виена и Дортмунд – во средина на декември.

Инаку, во првите девет месеци од оваа година “ТАВ Македонија” бележи огромен пад од 69% споредено со минатата година – оваа година од Јануари до Септември имало само 632.581 патник на нашите два аеродроми, а лани 2.052.829 патници. Се предвидува дека ќе бидат потребни неколку години овие два аеродроми да се вратат на истото ниво како пред кризата предизвикана од пандемијата.