Photo: Imre Tomosvari/Unsplash

Државите полека започнуваат да ги отвараат своите граници, на почеток само за одделни држави кои најдобро се справуваат со пандемијата од Covid-19, со надеж и план за понатамошно отварање на своите граници и за останатите држави.

Засега Македонија ја нема на листите за влез во повеќето држави, бидејќи се наоѓа во групата на високоризични земји, во т.н црвено-жолта зона, откако бројот на заразени почна многу брзо да расте.

Од нашите соседи досега само Србија одобри влез за македонските граѓани на нивната територија, без прикажување на негативен тест за Covid-19.

Црна Гора, Бугарија и Словенија воведоа 14-дневен карантин за сите наши граѓани кои влегуваат во овие држави.

Косово на граница бара да се покаже негативен тест за Covid-19, кој не е постар од 4 дена или наложува 14 дневна изолација во домашни услови.

Грција сеуште го нема кажано последниот збор дали ќе ги отвори границите за македонските граѓани, а грчкиот државен министер Јоргос Герапетрис во интервју за радио “Солун” изјави дека “постои можност границата со Северна Македонија да не биде отворена на 15 јуни заради растот на позитивни случаи од Covid-19.”

Албанија, како и Грција, сеуште нема одлучено дали ќе ги отвори границите за нашите граѓани, но ја следат ситуацијата и ќе донеаст одлука според тоа како ќе се одвива ширењето на заразата на нашата територија.

Кипар, Малта и Словачка не ја ставија нашата држава на првичниот список на држави на кои им е одобрен влез. Но, информираа дека овие списоци ќе се менуваат, во зависност од ситуацијата во секоја држава.

Photo: CDC/Unsplash