Во последниве години изразена е заинтересираноста на англиските туристи за посета на нашата држава, па периодов многу еминентни англиски медиуми, како Metro.co.uk,Express.co.uk и Dailymail.co.uk, објавија текстови за Македонија.

Опишувајќи ја како балканска држава која во 2019 година имала само 750.000 посети од странски туристи, англиските медиуми ја препорачуваат Македонија за посета вредна за парите – потценет скапоцен камен кој има многу да понуди, од блескави езера и национални паркови до антички цркви и чаршија во глaвниот град Скопје.

Photo: Tatjana Dimovska from Unsplash.com

Препорачуваат да се посетат Скопје и Охрид, како два главни туристички центри, за каде наведуваат дека ноќевање во Скопје чини од 17 фунти, а во Охрид од 7 фунти па нагоре.

Исто така, препорачуваат посета на ресторани со традиционална храна кои се наоѓаат на брегот на Охридското Езеро, со евтини оброци кои почнуваат од 4 фунти, додека пак мени со три јадења чини околу 18 фунти. Англиските туристи ги советуваат да пробаат пастрмалија, ракија и баклава.

@visit

Sparkling blue waters are one of the highlights at 📍#lakeohrid North Macedonia🇲🇰 Check out this underrated destination this summer for natural scenery and untouched waters😍 🎥 @goglobalwithsibu #northmacedonia #macedonia #summertravel #underrateddestinations

♬ Bombastic Side Eye Criminal Offensive Side Eye – CasaDi

Англиските медиуми наведуваат и дека според упатени лица во туристичката индустрија, јасно е дека Македонија е топ тренд дестинација за 2024 година.

Photo: Toa Heftiba from Unsplash.com

Ни останува да им посакаме добредојде на англиските туристи во што поголем број, во живо да ги видат македонските природни убавини, да ги пробаат нашата вкусна храна и вино, да уживаат во убавото време, како и да се уверат во македонската гостопримливост.

Ова не е првпат годинава англиските медиуми да ја препорачуваат нашата држава за посета, во летниот период тие Охрид го споредија со италијанското Комо:

Англичаните препорачуваат – Зошто Комо треба да го замените со Охрид