Photo: Booking.com

Неверојатна и неповторлива понуда за сите генерации кои пораснаа со популарната серија “Пријатели” (“Friends”).

По повеќе од 25 години по емитување на првата сезона од оваа популарна серија, додека ја чекаме премиерата на специјалната епизода од повторното обединување на 6-те пријатели: Рејчел, Моника, Фиби, Џои, Чендлер и Рос, Booking.com во соработка со The FRIENDS нуди ноќевање во ре-креиран сет од популарниот апартман на Рејчел и Моника во Њујорк, а по ноќевањето – наутро ќе добиете кафе и појадок во омиленото место за собирање на пријателите, кафетеријата “Central Perk”.

Photo: Ilse Orsel/Unsplash

Цената за ова несекојдневно доживување за двајца е симболична и изнесува 19,94 долари, во чест на 1994 година – година во која беше премиерата на оваа серија.

Ако сакате да резервирате, треба да бидете навистина брзи, бидејќи Booking.com ќе прима резервации само на 21-ви Мај 2021, a апартманот се нуди само за двa датума: 23-ти и 24-ти Мај.