Photos from Unsplash.com

Со неодамна воведените директни авионски линии на TUI од Манчестер и Гетвик (Лондон), Охрид полека влегува во радарот на англиските туристи, па летово голем број на Англичани за првпат се запознаваат со убавините на нашиот туристички центар.

“Луѓе пијат Аперол и еспресо и грицкаат пица, седнати во локали со поглед кон сино-зелена, бистра вода и вили сместени на рид, сцена што наликува на Комо, но јас сум 1300 милји (скоро 2000 км) оддалечен од северна Италија, во џебот на југозападна Македонија, наречен Охрид.” – вака Independent ја започнува поопширната репортажа за Охрид.

Photo: Antonio Stojceski from Unsplash.com

“Со повеќе од 358 км2, Охридското езеро е двојно поголемо од езерото Комо, факт што најдобро се цени при патување со брод околу брегот во Охрид. Бродот застанува во подножјето на манастирот Св.Наум, православен манастир изграден во 10-от век. Се шири поглед кон обемното езеро од висорамнината каде слободно шетаат пауни. Влегувам во просторија исполнета со фрескоживопис каде е погребан Св. Наум. Легендата вели – ако го ставите увото на гробот, се’ уште може да го слушнете неговото срцебиење.

Photo: Abenteuer Albanien from Unsplash.com

Со повеќе од милион години, Охридското Езеро е исто така постаро од италијанските езера, а градот Охрид е признаен како една од најстарите човечки населби во Европа. Шетајќи низ Стариот град и нагорнина до тврдината Цар Самоил од 11 век, добивам чувство дека чекорам низ историјата.

Photo: Bojan Bogdanovski from Unsplash.com

Историските локалитети на Охрид ја претставуваат секоја фаза од минатото на Северна Македонија и многу империи и народи кои поминале низ нејзината територија. Постојат градски порти кои првично биле изградени во 4 век п.н.е.; хеленистички амфитеатар со 5.000 седишта; цркви од 14 век; градски куќи од 18 век; и црквата Света Софија која влече корени од 6 век.

Photo: Mehmet Talha Onuk from Unsplash.com

Токму оваа богата историја му донесе место на стариот град Охрид на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1997 година. Езерото и областите околу езерото се исто така вклучени во списокот, бидејќи обезбедуваат дом на повеќе од 200 видови растенија и 17 ендемични видови риби.”

Photo: Abenteuer Albanien from Unsplash.com

Во репортажата се опфатени и најпознатите охридски продавници за накит – филигран, рубин и бисери – како што носеле Кралицата Елизабета и Принцезата Дијана, како и посета на повеќе винарии и дегустација на разни видови, квалитетно македонско вино.

Photo: Abenteuer Albanien from Unsplash.com

“Пиејќи вино и грицкајќи апетисани, удобно седнат на Сонце во винарија, повторно добивам чувство како да сум во Италија, но мислата брзо ми поминува, затоа што Охрид е многу повеќе од само налик на Комо, Охрид е дестинација богата со историја, дестинација исполнета со разновидност.” – со овој заклучок завршува репортажата.

Целата репортажа може да ја прочитате ТУКА.