Photos from Unsplash.com and albtrip.al instagram

На листата на 50 најдобри плажи во светот за 2023 година, составена од страна на светската туристичка платформа Big 7 Travel, на 22-ро место се наоѓа плажата во Албанија Ѓипе (Gjipe beach).

Плажата Ѓипе е сместена на албанското крајбрежје помеѓу местата Дерми и Химаре, на само 2 часа возење од Валона и околу 4 часа оддалечена од главниот град на Албанија, Тирана. Ако сте сместени во Дерми, Химаре или Саранда плажата е блиску и може да ја посетите на дневна тура.

Photo: Renaldo Korda from Unsplash.com

Оваа плажа е недопрено парче природа, скриена помеѓу длабоки планински кањони, кои на одделни места достигнуваат висина и до 70 метри. Плажата е со ситни бели камчиња, а водата е тиркизна, кристално чиста и топла.

Се’ уште делумно непозната за туристите кои ја посетуваат Албанија, Ѓипе е оаза за одмор, јавна плажа каде може да си донесете лежалки и чадор, но и да си купите пијалок за освежување.

Овој скриен рај вреди да се посети што поскоро, додека се’ уште не е премногу позната и експонирана, а земајќи во предвид дека Албанија како летна туристичка дестинација привлекува се’ поголем број на туристи, Ѓипе наскоро ќе се тргне од листата на “анонимни плажи”.

A, листата на 50 најдобри плажи во светот за 2023 може да ја погледнете тука:

Најдобри плажи во светот за 2023 година – на листата и плажи во Грција, Албанија, Турција