Photo: Wizz Air

Како резултат на продолжените рестрикции за патувања за сите странски летови од и до Македонија, нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air денеска ја продложи суспензијата на своите летови од и до нашата држава до 13 јули.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120 % од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот и истaта ќе можат да ја искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 % поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле билетите. – стои во соопштението на авиокомпанијата.

Министерот за транспорт и врски – Горан Сугарески минатата недела изјави дека се разговара, но оти сеуште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

Владата на седница во петокот (12.06.2020) утврди протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродормот Скопје.