Photo: www.patokolusvetot.mk

Секое непочитување на пропишаните правила за рачен багаж од страна на авиокомпаниите се доплаќа, па затоа имајте ги во предвид правилата на овие 3 авиокомпании кои важат оваа година:

Wizz Air

На лет со Wizz Air може бесплатно со вас како рачен багаж да земете мал ранец или мала торба која не треба да ги надмине димензиите 40x30x20 cm и не смее да биде потешка од 10 kg. Торбата мора да ја собира во просторот под седиштето пред вас. Дозволен е само 1 ваков багаж.

Преголем рачен багаж ќе биде одбиен на влезната порта (gate) пред влегување во авион и, доколку е можно, мора да се стави во багажот на авионот со доплата од 30 евра.

Ако сакате со вас да понесете уште една торба, освен оваа која е бесплатна, тогаш треба да доплатите за Priority опцијата и со вас може да земете уште еден рачен багаж (мал куфер) со димензии 55x40x23 cm и со максимална тежина до 10 kg. Цената за овој багаж е од 12 до 35,99 евра, во зависност од дестинацијата и датумот на патување и доколку е купен во моментот на резервација на авионските карти.

Photo: Wizzair.com

Ryanair

Со Ryanair бесплатен рачен багаж кој ви следува со авионската карта е мал ранец или мала торба со максимални димензии 40x20x25 cm и максимална тежина до 10 kg. Дозволен е само 1 ваков багаж.

Преголем рачен багаж ќе биде одбиен на гејтот пред влегување во авион и, доколку е можно, мора да се стави во багажот на авионот со доплата од 45,99 евра.

Цената на дополнителен рачен багаж (мал куфер) со максимални димензии 55x40x20 cm и 10 kg е од 12,00 € до 35,99 евра, во зависност од дестинацијата и датумот на патување и доколку е купен во моментот на резервација на авионските карти.

Photo: www.patokolusvetot.mk

Air Serbia

Air Serbia Дозволува бесплатнен, мал рачен багаж (ранец или торба) со максимални димензии 55x40x23cm, а тежината на оваа торба не смее да надмине 10 kg.
Ако вашиот багаж е поголем од пропишаното и не ги исполнува барањата на оваа компанија, на влезната порта (gate), ќе ви се наплати надомест за вишокот багаж, а цената ќе ви биде пресметана на лице место и зависи од големината и количината на багажот.

Подетално може да прочитате ТУКА.

Прочитајте и што смеете, а што не смеете да носите во рачен багаж:

Рачен багаж во авион – Што смеете, а што не смеете да носите?