Вилас Лас Естрејас (или во превод “Село на ѕвездите”) има околу 100 жители и сите тие го имаат отстрането слепото црево, бидејќи тоа е услов за да се живее во ова село. Селото се наоѓа на Островот на Кралот Џорџ во појасот на Антарктикот, а постои од 1984 година кога е формирано од страна на Чиле.
Во селото живеат научници и воен персонал од воздухопловните и поморските сили на Чиле и нивните семејства, кои пред да се населат овде мора да го отстранат слепото црево. Овој услов мора да го исполнат заради тоа што најблиската болница се наоѓа на оддалеченост од 1.000 км од другата страна на Јужниот Океан. (кој е дел од Тихиот Океан и се наоѓа во опкружување на Антарктикот).
Температурите во ова село се движат околу -2 степени Целзиусови во текот на зимата, чести се снежни бури, а сончева светлина има само неколку часа во текот на денот.
Нема кражби и криминал, има одличен пристап до Интернет и забрането е да се чуваат кучиња, бидејќи може да пренесат болести на дивиот свет – како пингвини и моржови кои ги има во непосредна близина на селото.
Во селото има основно училиште, амбуланта со доктор и медицинска сестра, банка, пошта, бибилотека, црква, Културен дом, продавница за сувенири, како и хостел кој може да прими 20 гости.
До Вилас Лас Естрејас може да пристигнете само со авион.