Археолошкиот локалитет и Музеј на отворено “Тумба Маџари” на својата веб страна сподели линк за мала виртуелна прошетка низ Неолитското село во Тумба Маџари. Додека сеуште очекуваме да се отворат музеите и архелошките локалитети во државава, може да го посетите од дома ова археолошко наоѓалиште на линкот ОВДЕ.

Меѓу другото, Тумба Маџари е познато по тоа што овде е ископана и Големата Мајка во 1984 година. Покрај неа, откриени се и други антропоморфни женски и машки статуетки, зооморфни жртвеници, масички, животински фигури.

Музејот на отворено е реконструкција на неолитското село Тумба Маџари, која е започната во 2008 година, а до 2018 година се изградени неколку куќи во неолитски стил, во кои се поставени адекватни кукли од тој период и предмети пронајдени на локалитетот со што на посетителот му се доловува начинот на живот во неолитот, односно животот на овие простори пред 8.000 години.