Photo: CallmeFred/Unsplash

По Wizz Air и Pegasus, нова нискобуџетна авиокомпанија ќе започне да лета од Скопје. Како што пренесува Exyuaviation.com, авиокомопанијата EasyJet оваа зима треба да започне со летови на релација Скопје – Женева.

EasyJet треба да започне да лета од 1-ви Ноември, а летовите ќе бидат двапати неделно, со план веќе во Декември да започнат да летаат по трипати неделно.

На оваа релација моментално нема редовна авионска линија, со што EasyJet ќе немаат конкуренција, а оваа нискобуџетна авиокомпанија има стратегија да се шири низ Европа преку авионски линии кои се популарни и барани од страна на  патниците.