Во ова време на пандемија, кога секое патување претставува стрес и ризик, Jahmaul Allen вработен на аеродромот во Торонто, Канада во авиокомпанијата “American Airlines” ужива во својата работа и ужива да ги развеселува патниците со својот танц на аеродромската писта, пред полетување на авионите.
Тој ова танцување го започнал во 2019, кога на прозор од авион пред полетување забележал мало девојче како плаче, па решил да го развесели. Со танцувањето продолжил и за време на пандемијата од Covid-19.
Патниците се воодушевени од неговиот начин да им посака среќен пат, па дел од коментарите се:
“Тој беше одличен !! Сигурен сум дека патниците беа преплавени од радост.”
“Сигурно разубаве нечиј ден и ги насмеа малите деца.”
“Ми се допаднаа неговите потези – ФАНТАСТИЧНИ !!!”
“Кога уживате во она што го работите во животот, останувате среќни и немате стрес и сте пример за вашите врсници.”
Секој би посакал малку смеа и опуштање пред полетување, зар не ?!? Секоја чест за Jahmaul!