Валенсија, Photo: A.Petrovska

Money.com.uk спровeде истражување за најздрави држави и најздрави градови во светот за 2021 година, а за составување на топ листата во предвид ги имаат земено следниве параметри: ниво на дебелина на жителите, очекуван животен век, степен на загадување, цени на храна и просечен број на сончеви часови во текот на годината.

Најздравата држава и најздравиот град во светот се наоѓа во Европа. Шпанија е на врвот на листата на најздрава држава во светот, а на листата на најздрави градови – првото место го завзема Валенсија во Шпанија.

Валенсија, Photo: A.Petrovska

Валенсија се проистакнува со пријатна клима, ниту премногу топло, ниту премногу ладно, ниту пак влажно, има многу зеленило за прочистување на воздухот, а големиот број на сончеви часови обезбедува доволно Витамин Д за организмот. Во Валенсија се јаде свежа храна со голема нутритивна вредност и се води релаксиран живот каде луѓето работат за да живеат, а не живеат за да работат и наоѓаат време за дружење и за одмор.

Валенсија, Foto: A.Petrovska

Второто место на листата го завзема уште еден шпански град Мадрид, а листата продолжува со:

2. Мадрид, Шпанија

3. Лисабон, Португалија

4. Виена, Австрија

5. Канбера, Австралија

6. Тел Авив, Израел

7. Токио, Јапонија

8. Хаг, Холандија

9. Љубљана, Словенија

10. Цирих, Швајцарија

11. Аделаида, Австралија

12. Хаифа, Израел

13. Порто, Португалија

14. Рејкјавик, Исланд

15. Темишвар, Романија

16. Клуж, Романија

17. Хелсинки, Финска

18. Бурса, Турција

19. Бризбејн, Австралија

20. Копенхаген, Данска

 

Репортажа за Валенсија – Градот на науките и уметностите може да прочитате овде:

Валенсија – Град на науките и уметностите