Според истражување направено од страна на Бил Гејтс и објавено на неговиот блог – Gates Notes, кое било спроведено за мапирање на маларија, произлегла и топ листа на 15 најсмртоносни живи суштества на оваа планета – листа со бројка на луѓе кои умираат секоја година заради нив.

Најстрашните предатори не се толку опасни за луѓето, како што си мислиме. Сите се плашиме од ајкули, но тие воопшто не се едни од најсмртоносните видови на планетава, впрочем ајкулите годишно усмртуваат по околу 6 луѓе. Истото важи и за лавовите кои усмртуваат 22 лица или волците – со усмртени 10 лица годишно.

Ќе ве изненади кој е број еден смртен непријател на човекот:

Комарецот – досадниот инсект кој цица крв и така пренесува повеќе видови на болести од еден до друг човек е одговорен за околу 750.000 смртни случаи годишно! Со ова го надминува и човекот, кој е втор на оваа листа со 440.000 убиства на годишно ниво. (На оваа листа се земени во предвид само убиства, а не спаѓа смртност на човекот од друг вид на несреќи, болести и природна смрт). На трето место се наоѓаат змиите одговорни за 100.000 смртни случаи на луѓе, на четврто место се кучињата со вкупна бројка од 35.000, а петтото место на листата е резервирано за слатководните полжави со 20.000 усмртени луѓе годишно.

Маларија е одговорна за повеќе од половина смртни случаи поврзани со комарците, претежно во субсахарска Африка, а друга болест која ја пренесуваат комарците – Денга треска е водечка причина за хоспитализација и смрт кај децата во некои азиски и латиноамерикански земји. Освен овие две болести, комарците пренесуваат и други болести со тешки последици, како: Зика, Жолта треска, Чикунгаја, Западно-Нилска треска, Источен коњски енцефалитис, Западен коњски енцефалитис, “LaCrosse” енцефалитис и Јапонски енцефалитис.

Топ 15 листата прикажува просечна бројка на луѓе кои се усмртени од секој наведен вид во текот на една година:

 

Практични совети како да се заштитите од убоди на комарци при патување може да прочитате на овој линк:

Практични совети за заштита од комарци при патување