Најчесто не обрнуваме внимание на убод од комарец, но треба да се знае дека не секој убод од комарец е безопасен, впрочем комарецот е број 1 на листата на најсмртоносни живи суштества на планетава, од чиј убод секоја година просечно умираат околу 750.000 луѓе. Следствено на ова, треба добро да се заштитиме од комарците, во зависност од тоа во какво подрачје патуваме и во кој период од годината патуваме, имајќи на ум дека комарците пренесуваат болести како: маларија, вирусот Зика, Западно Нилска треска и сл.

Споделуваме флаер од Институтот за јавно здравје, на кој може да најдете корисни совети за заштита од убоди од комарци при патување: