Летните одмори во Европа може да започнат од наредниот месец, откако повеќе држави најавија отварање на своите граници за туристи. Туристичката индустрија работи во полн ек за да биде спремна за пост-корона патувањата, па така дел од државите веќе започнаа да ги отвараат своите сместувачки капацитети, ресторани и плажи.
Американскиот магазин “Forbes” објави листа на 20 најбезбедни дестинации за летување во Европа за 2020 година. Најблиску до нас, на листата се наоѓаат неколку места во Грција, Црна Гора и Хрватска.
Но, првото место го завзема главниот град на Грузија – Тбилиси, со објаснување дека Грузија уште на самиот почеток на пандемијата од Covid-19 превземала рестриктивни мерки и одлично се организирала, со што забележала многу мал број на заболени, а Тбилиси ќе ве остави со “wow” ефект. Во прилог на Тбилиси е и тоа што сместување во хотел со 5 ѕвезди или во приватна вила во овој град, ќе ве чини и до четири пати помалку отколку сместување во ист таков хотел во друг европски главен град.
Целосната листа изгледа вака:
1. Тбилиси – Грузија (Tbilisi, Georgia)
2. Крф – Грција (Corfu, Greece)
3. Цавтат – Хрватска (Cavtat, Hrvatska)
4. Азорски острови – Португалија (Azores Islands, Portugal)
5. Превеза – Грција (Preveza, Greece)
6. Алентејо- Португалија (Alentejo, Portugal)
7. Батуми, Аџара – Грузија (Batumi, Adjara, Georgia)
8. Загреб – Хрватска (Zagreb, Croatia)
9. Алгарве – Португалија (Algarve, Portugal)
10. Сибиу – Романија (Sibiu, Romania)
11. Котор – Црна Гора (Kotor, Montenegro)
12. Ријека – Хрватска (Rijeka, Croatia)
13. Варшава – Полска (Warsaw, Poland)
14. Виена – Австрија (Vienna, Austria)
15. Бохин – Словенија (Bohinj, Slovenia)
16. Малта (Malta)
17. Гдањск – Полска (Gdansk, Poland)
18. Вилнус -Литванија (Vilnius, Lithuania)
19. Рига – Латвија (Riga, Latvia)
20. Дива тајга – Финска ( Wild Taiga, Finland)