Пакувањето на багажот често знае да ни зададе главоболки , започнувајќи од тоа што се’ треба да понесеме, а да не ја надминеме дозволената килажа на куферот, како да ги спакуваме алиштата , а да не бидат изгужвани кога ќе пристигнеме на дестинацијата, колку е доволно козметика да понесеме, а да не ни истече при транспортот…

Следуваат повеќе трикови како полесно и поефикасно да го спакувате багажот, кои ќе ви го олеснат секое наредно пакување и патување:

  1. Во внатрешноста на чевлите можете да спакувате чорапи и долна облека.
  2. Целата количина на облека завиткајте ја  во еден уреден куп облека.
  3. Маиците и долната облека може да бидат завиткани како чорапи.
  4. Здиплете ја кошулата, а потоа во внатрешната страна на јаката од кошулата ставете каиш кој ќе спречи нејзино прекршување.
  5. Шминките може да ги спакувате во кутија за чување на контактни леќи.
  6. Пред да затворите пластично шише, ставете најлонска кеса која ќе дојде помеѓу шишето и капачето, со што ќе се оневозможи протекување на течноста од шишето.
  7. Накитот спакувајте го во кутивче кое служи за чување апчиња.
  8. Тешките предмети ставете ги најдоле во куферот, најблиску до тркалата на куферот, за да не ризикувате да нагмечат полесни предмети.
  9. Купете куфер кој тежи што е можно помалку. Колку полесен куфер, толку повеќе килограми спакувани во него.
  10. Спакувајте само облека која ќе одговара на активностите кои ги планирате на предвидената дестинација.
  11.  Чевлите завиткајте ги во најлонска капа за туширање. (која ја даваат во хотелските соби).
  12. Ако патувате само со мал, рачен багаж, тогаш најтешките парчиња облека имајте ги облечено на вас.
  13. Залепете ознака за кршлив багаж, ако имате спакувано предмети кои се лесно кршливи, а и воопшто – ако едноставно сакате багажот да ви биде подобро транспортиран.
  14. Парфемите завиткајте ги во чорапи, за да избегнете нивно кршење.
  15. Ако патувате во група, куферите означете ги со еднакви ознаки, за полесно да ги забележите во купот багажи.
  16. Ако немате доволно место во куферот за сите потребни работи, размислете што од нив може да купите во местото каде што патувате (козметика, батерии и сл).
  17. Кондиционерот за коса може да го користите и како лак за чевли, крем за бричење и како средство за отстранување на шминка.
  18. Секогаш носете си голема марама со вас, корисна е за во многу ситуации: може да ја искористите како тенка покривка во авион во случај да ви залади, исто така и како наметка за раменици при посета на верски објекти, секако и за на плажа и на базен.
  19. Понесете си навлака за перница – во случај да имате осетлива кожа на лицето или ако се сместите во хотел/хостел со лоши препораки.
  20. Купете си мал, дигитален мерач на тежина за куфери, така никогаш нема да стравувате дека куферот ќе ви биде над дозволената тежина.                                                                                                                           Споделете ги овие трикови со вашите најблиски и пријателите. 🙂