Ајфеловата кула во Париз е еден од најпознатите објекти во светот и најверојатно не постои човек на планетава кој не слушнал за неа и не ја видел – ако не во живо, тогаш сигурно на фотографии или на телевизија. Постојат многу интересни факти за оваа импозантна градба, а ова се 10-те најважни и најинтересни:

1. Изградена е во чест на 100 годишнината од Француската револуција која се одбележала во 1889 година, а името го добила по францускиот инженер Густав Ајфел (Gustave Eiffel) кој ја проектирал и чија компанија ја изградила кулата.

2. Со висина од 300 метри, кога била изградена станала највисока градба во светот (еднаква на зграда со 82 ката). Овој примат го држела се до 1931 година, кога била изградена Empire State Building во САД, која е со висина од 443,2 метри.

3. Со тек на годините има сменето неколку бои: Од црвеникаво – кафеава боја на почетокот, 10 години подоцна била обоена во жолта боја, а во 1968 година е обоена во бојата која ја има и денес – тоа е специјална мешавина на бои позната како “Eiffel Tower Brown”. Кулата се префарбува на секои 7 години, за да го задржи својот свеж изглед.

4. Од 1925 до 1936 година кулата била најголем билборд во светот, при што се користела како рекламно пано за реклама на автомобилската компанија “Citroen”.

5. Иако денеска е заштитен знак на Париз, Парижаните на почеток воопшто не ја сакале, мислеле дека е бескорисна и монструозна, па дури и потпишувале петиција да се уништи.

6. На врвот на првото ниво, Ајфел изградил лабораторија за себе и за француските научници кои студирале астрономија, метеорологија, аеродинамика и психологија.

7. На врвот на кулата пак, Аjфел изградил апартман за себе во кој им бил домаќин на многу познати гости. Ова бил апартман со најубав поглед на Париз. Имал многу понуди за да го продаде, но тој сепак го задржал за себе.

8. Нелегално е да ја фотографирате оваа кула кога ќе се стемни, бидејќи според француската влада – светлосното шоу кое ја осветлува кулата навечер е уметничко дело кое е заштитено со авторски права.

9. Кога дува посилен ветер, кулата се ниша и врвот може да се помрдне за 6 -7 метри, па затоа кога има силен ветер таа е затворена за посетители.

10. Ајфеловата кула е најпосетуваната платена туристичка атракција во светот, годишно ја посетуваат околу 7 милиони посетители.