Езера, планини, водопади, клисури, цркви, манастири, џамии, музеи, археолошки наоѓалишта, карактеристична архитектура, недопрена природна убавина… нашата држава изобилува со туристички атракции – некои попопуларни, а некои неправедно запоставени.
Macedonia Timeless направи видео со топ 20 туристички атракции во Македонија, каде за секоја спомната атракција/место е прикажано што треба да се посети. Па така, во видеото има прикажани исечоци од: Бислимската клисура, Маврово, Крушево, Преспа, Скопје, Берово, Тетово, Прилеп, Кратово, Дојран, Струмичките водопади, Тиквешијата, Битола, Демир Капија, Кокино, Охрид, Св.Наум, Дeбарското езеро, Струга:
Дали ги имате посетено сите?
А, за неколку предлог места за викенд – прошетки низ Македонија може да прочитате тука: