САД се една од земјите во светот кои се најпогодена од пандемијата на Covid-19, па државите кои моментално можат да ги посетат Aмериканците можат да се избројат на прсти.

Па така, познатиот Американски режисер Мајкл Мур на својот Фејсбук статус ги препорача 8-те држави во кои Американците може да патуваат без никакви рестрикции – без карантин, без негативен ПЦР тест и без виза: Македонија, Косово, Тунис, Турција, Доминиканска Република, Мексико, Малдиви и Србија.

Мур од сите овие држави, посебно го одвои Скопје за посета, истакнувајќи дека цените за сместување во хотелите во градот се многу поволни за американскиот стандард, а сподели и неколку фотографии од нашиот главен град:

https://www.facebook.com/24674986856/posts/10157138118496857/?d=n

 

Дополнително во статусот се осврна на имиџот на Американците, дека моментално останатите делови од светот нив ги доживуваат како закана, но и дека половина од населението тој факт воопшто не го знае, бидејќи 60% од Американците немаат пасош.