Дали е возможно да ја поминете рутата: Брисел – Лисабон – Париз – Виена – Севиља – Копенхаген – Лондон – Даблин – Брисел за вкупно 5 часа?
Возможно е! И тоа – со автомобил.
Но, не европските градови, туку градовите кои ги носат истите овие имиња во Канада. Според мапа на Google, овие осум градови може да ги поминете со автомобил за 5 часа и 8 минути, при што ќе поминете вкупно 392 км.