Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air, која лета и од нашите два аеродроми, испрати известување до сите нејзини корисници за обновување на летовите, кои беа приземјени заради пандемијата од Covid-19 и за воведени нови правила, кои ќе треба да се почитуваат при нивните летови.

Извршниот директор на оваа авиокомпанија, József Váradi нагласи дека ќе започнат со летови како што ќе дозволуваат регулативите на државите и веднаш штом ќе се укинат мерките за карантин, најавувајќи дека најпрво ќе почнат да летаат од Велика Британија и Австрија.

Исто така, ги претстави и новите мерки за безбедност на патниците и на авионскиот екипаж кои треба да се почитуваат, а тоа се:

Маски за лице

Патниците и екипажот задолжително треба да носат маски за лице на летовите со Wizz, за да се обезбеди максимална заштита. Исто така, се препорачува и друга заштитна опрема како што се: ракавици и штитници/визири, но ова не е задолжително.

 

Мерки за социјално дистанцирање и хигиена

Покрај антибактериски марамчиња што ќе се делат за време на летот, исто така целосно ги дезинфицираат авионите секој ден. Се замолуваат патниците да ги почитуваат упатствата за одржување на растојание во авионот и на аеродромот. Распределбата на седиштата на одредена дистанца ќе се земе во предвид секогаш кога ќе биде можно и достапно.

Воздухот во Wizz авионите е чист како и во болничките оперативни простории, бидејќи се менува многу пати преку филтрите за воздух, кои отстрануваат 99,97% од вирусите и бактериите во воздухот.

 

Безконтактни плаќања

Го зголемиле лимитот за безконтактни плаќања на 25 €, за да може безгрижно да се користи купувањето во авионот на храна и останати продукти од Free Shop-от. Месечното списание нема да излегува одреден период во печатено издание, затоа препорачуваат да го преземете најновото мени од апликацијата WIZZ пред вашето патување.

 

Флексибилни опции за патување

Ако сакате да патувате ова лето, но не сте сигурни дали ќе дозволат ограничувања, ви препорачуваат да ја користите опцијата WIZZ Flex за време на вашата резервација. Ова ќе ви овозможи да го промените летот преку Интернет пред вашето патување, без надоместок за промена на летот и доколку се предомислите, исто така може да ви ги вратат парите на вашиот Wizz профил, кои ќе може да ги искористите за наредно купување на авионски билет.

Wizz Air ветуваат дека ќе продолжат да ги поврзуваат луѓето со своите најблиски по апсолутни најниски цени и на најбезбеден начин во наредните години.

Следете ги нивните објави во наредните недели, за да бидете информирани кога ќе започнат со летови од одредени држави.