За ненаселен остров од 1,2 квадратни километри, 50 години се водеше т.н виски војна помеѓу Европа и Северна Америка, поточно помеѓу Данска и Канада.
Ханс е мал, ненаселен арктички остров – карпа, кој се наоѓа на еднаква оддалеченост од Гренланд и канадскиот остров Елесмир, а најмирољубивата војна помеѓу Данска и Канада се водела од 1971 година, од кога островот го посетувале научници и војници кои го отстранувале знамето на другата држава, поставувајќи го своето знаме и едни на други си оставале шише канадско виски или данска ракија. Заради овој гест на оставање пијалок за спротивната страна, оваа најпријателска војна помеѓу двете држави е наречена уште и виски војна.
Во 2022 година конечно е потпишан договор помеѓу овие две држави, при што островот e поделен на два еднакви дела, со што е воспоставена и најдолгата морска граница на светот, со должина од 3.882 километри.