Ова навистина е уникатна фотографија на несекојдневна глетка. Напуштен, потонат брод обраснат со дрвја. Најверојатно птици разнеселе семе, па така изникнале дрвјата на бродот.
Може да се восхитуваме на способноста на природата да се адаптира во секакви услови, на нејзината флексибилност и издржливост.
Инаку, станува збор за бродот City of Adelaide, кој бил изграден 1863 година, а по многу години завршил во Заливот Кокл (Cockle Bay), каде трупот на бродот се користел како мета на пилотите на бомбардерите на Кралските Австралиски воздушни сили, од блискиот аеродром Гарбут. Во 1971 година циклон го погодил брегот на Магнетскиот остров и предизвикал делумно пропаѓање на железните остатоци од бродот.
Потонатиот брод вака станал вештачки остров, дом на различни видови дрвја и птици, оддалечен околу 300 метри од брегот на Заливот Кокл во Австралија.