Турција изобилува со прекрасни места за посета од секој аспект: културно-историски градови, убави плажи, монденски места, шарматни селца… и навистина е тешко да се одбере само едно.
Ова е листа направена од Nomad за 10 прекрасни места во Турција кои го одземаат здивот и кои не треба да пропуштите да ги посетите:
1. Природните базени на Памуккале
2. Олудениз – Сината Лагуна
3. Самовилските оџаци во Кападокија
4. Ѓумушлук во регионот Бодрум
5. Кас – рибарско селце
6. Плажата Патара
7. Малата џамија Ортакој на Босфор во Истанбул
8. Ефес – остатоци од некогашниот град кој сега е под заштита на УНЕСКО
9. Фетије – Долината на пеперутките
10. Колоритната населба Балат во Истанбул
Турција е една од светските дестинации која е прилично достапна за нас – со редовни авионски и автобуски линии, како и со агенциски понуди за летен одмор и кратки празнични патувања, со тури за сечиј џеб, па затоа ставете ја на листа за ваше наредно патување, оваа земја е секогаш добра идеја за посета.
Поопширно за местата од оваа листа може да прочитате на овој линк:
Turkey: 10 Breathtakingly Beautiful Places You Shouldn’t Miss In Turkey