Photo: Leio Mclaren/Unsplash

Пoчнуваш полека да умираш

ако не патуваш,

ако не читаш,

ако не ги слушаш звуците на животот,

ако не се цениш себеси.

 

Почнуваш полека да умираш

кога си ја убиваш самодовербата,

кога не прифаќаш помош од друг.

 

Почнуваш полека да умираш

ако станеш роб на своите навики,

чекорејќи секој ден по иста патека…

Ако не ја смениш рутината,

ако не носиш различни бои,

или ако не разговараш со некој кој не го познаваш.

 

Почнуваш полека да умираш

ако избегнуваш да почувствуваш страст

и нејзините турболентни емоции,

оние кои ти даваат сјај во очите

и од кои срцето ти чука забрзано.

 

Почнуваш полека да умираш

ако не го смениш својот живот кога не си задоволен од работата или од љубовта

или од опкружувањето.

Ако не ризикуваш да се откажеш од својата сигурност заради несигурност,

ако не ги следиш своите соништа;

Ако не си дозволиш

барем еднаш во животот

да избегаш од разумен совет.

Пабло Неруда (1904 – 1973)

 

Photo: Kelsey Knight/Unsplash