Photos: Screen shots from Youtube video

Гратче во кое платата е 1200 евра, киријата 15 евра, интернетот е бесплатен, a полиција нема бидејќи нема ни криминал – звучи нереално, но навистина постои. Гратчето Мариналеда се наоѓа во Андалузија, на југот на Шпанија, и ги поседува сите горенаведени факти.

Мариналеда се протега на површина од 25 км2, со околу 2700 жители, каде не постои невработеност, иако ставката на невработеност во Шпанија изнесува 27%.

Одлуките за ова гратче се носат по демократски пат на неделни состаноци, на кои присуствуваат по околу 300 – 400 жители.

Над 30 години, харизматичниот социјалистичкиот лидер Мануел Санчез Гордиљо е на чело на ова гратче, кој сосема соодветно ги носи и прекарите Дон Кихот и Робин Худ.

Улиците се крстени по славните борци за работнички права како Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда и се полни со улична уметност – графити и мурали со пораки за поддршка на држави како Куба и Венецуела.

Сите материјали потребни за изградба на куќа се покриени од општината, а единствениот услов е да учествувате во изградбата на вашиот дом. Повеќето домови имаат градина и гаража и содржат 2 или 3 спални соби, во зависност од потребите на сопственикот.

Ако сакате да се вселите во Мариналеда – има листа на чекање и се чека по две години, а освен платата од 1200 евра која е сосема доволна за живот во ова место, исто така бесплатно на располагање на жителите им се и две фудбалиски игралишта, еден кошаркарски терен, терен за тенис, сквош и одбојка. Има и базен, но за него се плаќа годишна карта за користење. Гратчето има и сопствена телевизија.

Реална утопија? Мариналеда вака опстојува од 1975 година.