Кој не би сакал да патува бесплатно низ светот? Па, постојат неколку начини за бесплатно патување, а и заработување при патување.
Вака може да патувате без да ја испразните вашата банкарска сметка:
1. Чување/одржување на куќа – На сајтовите www.trustedhousesitters.com и www.mindmyhouse.com може да пронајдете ваква опција, каде чувањето куќа додека сопствениците се отсутни, најчесто се состои од грижа за домашен миленик на сопственикот, одржување на цвеќињата во домот и сл.
2. Размена на работа – Со оваа програма добивате бесплатно сместување и оброци за работа од неколку часа (околу 4 часа) во денот, а останатиот дел од денот може да го користите за истражување на местото. Вакви опции може да разгледате нa Helpx.com
3. Волонирање во летен камп и на неколкудневни фестивали – Со оваа опција како волонтер добивате бесплатно сместување, оброци и присуство на настанот/кампот каде волонтирате.
4. Часови по англиски јазик – Ако одлично го владеете англискиот јазик, тогаш во огромен број на држави може да подучувате англиски јазик. Најчесто е потребно да имате положено TOEFL тест, кој е признат насекаде во светот.
5. Авантуристичко патување – Работете како инструктор по скијање, нуркање или пливање. Во зависност од сезоната за овие спортови, во текот на годината може да работите од еден до друг крај на светот. Вакви опции нуди Adventurework.co.uk.
6. Бидете дадилка – Ако уживате во грижата за деца и сакате да посетите ново место подолго од само неколку дена, тогаш дадилка е одлична опција за вас. Добивате бесплатна соба во домот каде што се грижите за децата и плата.
7. Собирање на поени на картички за лојалност од авиокомпании – Авиокомпаниите нудат посебни привилегии за своите редовни клиенти, па така колку почесто патувате – толку поголеми се вашите привилегии кои ги уживате – од бесплатен влез во лаунџ баровите на аеродроми, помали или поголеми подароци, па се’ до бесплатни авионски карти.