Кои се најбогати држави во светот и како се мери нивното богатство? Зашто мали држави се многу побогати од поголеми држави?
Магазинот Global Finance направи листа на најбогати држави во светот, анализирајќи го БДП (Бруто Домашен Производ) по глава на жител. Ако БДП по глава на жител е висок, тоа укажува на богатството и просперитетот на граѓаните на одредена земја.
Додека бруто домашниот производ (БДП) ја мери вредноста на сите стоки и услуги произведени во една нација, делењето на овој производ со бројот на жители со полно работно време е начин да се одреди колку е богато или сиромашно населението на една земја во однос на друго. Тогаш станува јасна причината зошто „богатите“ често се еднакви на „малите“: економиите на овие помали земји се несразмерно големи во споредба со нивните мали популации.
На што се должи богатството на секоја држава? Global Finance наведува дека некои држави имаат корист од софистицирани финансиски сектори и даночни режими кои помагаат да се привлечат странски инвестиции, други пак имаат големи резерви на природен гас, нафта или други профитабилни природни ресурси кои привлекуваат инвеститори и туристи.
Tоп 10 листата на најбогати држави во светот изгледа вака:
- Луксембург со 140.694 долари по глава на жител
- Сингапур со 131.580 долари по глава на жител
- Ирска со 124.595 долари по глава на жител
- Катар со 112.789 долари по глава на жител
- Макао со 85.611 долари по глава на жител
- Швајцарија со 84.658 долари по глава на жител
- Обединети Арапски Емирати со 78.255 долари по глава на жител
- Норвешка со 77.808 долари по глава на жител
- САД со 76.027 долари по глава на жител
- Брунеи со 74.953 долари по глава на жител
Целата листа на Global Finance содржи вкупно 192 држави во светот, а на оваа листа Македонија го завзема 78-то место, додека во првите 10 држави – 4 се наоѓаат во Европа.