Photos from Unsplash.com

На 29-тите World Travel Awards (Светски туристички награди) кои се одржуваат од 1993 година, беа доделени награди за постигнувања во туризмот во многу категории, а една држава е апсолутен победник – освои награди дури во 3 категории.

World Travel Awards даваат можност да се прикаже најдоброто од глобалните туристички услуги, како и да се промовира, поттикнува и наградува врвниот туризам. Наградите се отворени за сите туристички бизниси и служат да ја покажат вредноста на туризмот во светот.

Оваа година апсолутен победник е Перу, држава која се закити со 3 награди: Водечка светска кулинарна дестинација, Водечка светска културна дестинација и Водечка светска туристичка атракција – Мачу Пикчу.

Мачу Пикчу беше избран за водечка туристичка атракција во светот трета година по ред на World Travel Awards, за кого тие напишаа: “Толку сме горди на ова светско чудо што продолжува да ја освојува целата планета со својата неспоредлива магија и убавина.”

Сите доделени награди на World Travel Awards 2022 може да ги погледнете на овој линк.

А, повеќе информации за Мачу Пикчу, како да испланирате пат до него и да го посетите, може да прочитате во оваа репортажа:

Мачу Пикчу- детските соништа исполнети