Силен земјотрес со јачина од седум степени според Рихтерова скала денеска го стресе тлото на Турција во 14:51 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил во Егејското море, а најсилно се почувствувал во Измир и околината.

CNN известува дека земјотресот урнал и оштетил повеќе згради во градот, се уште нема информации за жртви, а низ улиците владее паника.

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави: “Со сите средства на нашата држава, ние стоиме покрај нашите граѓани погодени од земјотресот.”

Исто така, потресот се почувствувал и Грција, особено во Атина, на островот Крит, а посилно погоден е островот Самос, за каде грчките медиуми јавуваат за оштетени објекти.