Ножици, џебни ножиња, ножеви, запалки, скалпери, градинарски алат… ова се лампионите со кои е накитена елката на интернационалниот аеродром во Вилнус, Литванија. Лампионите се всушност конфискувани, недозволени предмети од багажите на патниците кои поминале на овој аеродром.

Елката е поставена со цел да ги потсети патниците што не смеат да носат во своите багажи, а и да не си најдат некој личен предмет како украс на новогодишната елка наредната година. Две недели биле потребни за да се изработи елката, која е висока еден и пол метар и поставена е во холот на аеродромот, пред пултовите за чекирање на багаж.

Беше пофалена од страната LinkedIn како: “навистина уникатно и едукативно ремек дело”, а Independent имаа помалку пофални зборови, нарекувајќи ја: “најмалку весела елка до сега”.

Мора да признаеме, вработените на аеродромот во Вилнус на генијален начин ги опоменаа и потсетија патниците дека безбедноста е на прво место.