Денес сите патишта не’ водат кон Букурешт – дали директно таму или преку ТВ екраните, целото наше внимание е насочено кон престолнината на Романија.
Од Букурешт пристигнуваат еуфорични фотографии и видеа од нашата црвено-жолта фаланга, која денес во живо ќе го следи натпреварот на Македонија против Австрија, кој ќе се одигра на новиот стадион на Стеауа.
Како што известуваат нашите претставници од лице место, во Букурешт не се чувствува еуфоријата за Еуро 2020, најверојатно затоа што на него не учествува романската фудбалска репрезентација, па градот е мирен и празен, освен во неколку улички во стариот град, каде се собрани македонските навивачи и каде навивачката атмосфера е на највисоко ниво. Романците се воодушевени од нашите навивачи и со суперлативи пишуваат за нив, а дел од атмосферата ја пренесуваат и нивните тв станици. Медиумите на нашите соседни држави исто така ја пренесуваат атмосферата која ја прават Македонците:
Оние Македонци кои се во Букурешт, освен во фудбалските натпревари на Македонија против Австрија и на 19-ти јуни против Украина, ќе уживаат и во убавините на градот. Вреди да се спомене грандиозната Палата на парламентот која на отварањето на Еуро 2020 беше целосно осветлена и со проектирани пораки на фасадата го означи почетокот на првенството. Оваа палата е најтешката зграда на светот и втора по големина, како и најскапа административна зграда веднаш по Пентагон во САД. Изградена е од диктаторот Николае Чаушеску. Исто така, во Букурешт треба да се посети и Авенијата на Победата, Метро станицата Политехника и Малиот Париз.
А, вака изгледа Букурешт денеска:
Им ја праќаме сета среќа на светот на нашите фудбалери во Букурешт и со цело срце навиваме за победа!
Автор на фотографии: Стојан Сапаловски
©patokolusvetot.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон