Свесни сме дека ова лето нема да биде исто како претходните, заради пандемијата од Covid-19, која за жал сеуште е во полн ек на нашите простори. Споделуваме информација од АМСМ за процедура за патувања на македонските граѓани надвор од границите на државата.
ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: Според информација од МВР, за македонски државјани, граничните премини за излез од државата се отворени со потпишување на соодветна изјава, која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.
При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.
извор : АМСМ