Погледнете го новиот видеоспот за песната “Молитва” на Марија Шерифовиќ, кој е снимен изминативе недели низ празните Белградски улици, додека Србија и останатиот дел од светот живеат во карантин.
Видеото е моќно, а стиховите на песната ја надополнуваат невообичаената атмосфера во Белград низ улиците каде Марија се движи, не заборавајќи да им оддадат почит и на медицинскиот персонал.
Инаку, новото видео за песната е направено за потребите на овогодинешната Евровизија, која требаше да се одржи овој викенд во Ротердам, Холандија. Заради пандемијата од Covid-19 ова шоу е откажано, но сепак не заборавија да не’ потсетат на најголемите хитови на победниците низ годините, како и претставување на изведувачите кои требаше да настапат оваа година.
Со ова видео Марија Шерифовиќ како повторно да победи на Евровизија: