Во чест на Европскиот ден на парковите кој се одбележува на 24 Мај, споделуваме галерија со фотографии од многу беспрекорно уредени паркови во Малме, Шведска, како инспирација и поттик за здрави, урбани средини.
Во овој трет по големина град во Шведска постојат над 30 паркови, од кои најпознати се: Kungsparken – кој е најстар градски парк, Pildammsparken – голем парк со езерца и стази за џогирање, Folkets Park – парк со детски реквизити, Slottsträdgården – парк со ветерници.
Малме е град уреден како по учебник за урбанизам. Се’ е добро испланирано – и растојанијата помеѓу зградите и паркинзите и зеленилото и коловозните ленти. А, најмногу фасцинираат парковите што се во склоп на градот. Кога ќе се најдеш во нив, немаш впечаток дека си во град, туку како да си отсечен во некои зелени оази, некаде далеку од градската средина, претопен во природа.
Уживајте во повеќе фотографии од парковите во Малме:
Автор на текст и фотографии: Ивана Групче
©patokolusvetot.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон