Безбедноста при патување е значаен фактори при одлука за посета на одредена држава, па добро е да се знае степенот на сигурност кој може да го очекувате на одредена дестинација.
Врз основа на податоци на Numbeo.com, World of Statistics објави топ листа на држави во Европа каде што шетањето сам во ноќните часови е најбезбедно.
На прво место како најбезбедна држава е поранешната југословенска република Хрватска, а на второ место уште една екс Ју република – Словенија. На трето место е Исланд, четврто Грузија ,а на петто Швајцарија.
Од вкупно 41 европска држава, Македонија на оваа листа се наоѓа на 17-то место. За разлика од Македонија, нашите соседни држави Бугарија, Албанија и Грција се наоѓаат подоле на листа, односно на 23-то, 30-то и 33-то место, а Србија е 15-та на листата. Последна на листата е Франција.
Целата листа изгледа вака:
Safety walking alone during night in Europe (from more safe to less safe):
1. Croatia 🇭🇷
2. Slovenia 🇸🇮
3. Iceland 🇮🇸
4. Georgia 🇬🇪
5. Switzerland 🇨🇭
6. Czech Republic 🇨🇿
7. Denmark 🇩🇰
8. Estonia 🇪🇪
9. Finland 🇫🇮
10. Netherlands 🇳🇱
11. Montenegro 🇲🇪
12. Austria 🇦🇹…— World of Statistics (@stats_feed) February 11, 2024
Дали се сложувате со оваа листа?