Photo: Dim Hou/Unsplash

Од 7 февруари стапува на сила нова одлука од Грчките власти објавена во Службен весник – „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19″, која се однесува за правила за патување во Грција и која ќе важи до 21 февруари 2022 година.

Влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 33 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат, меѓу кои е и Северна Македонија, кои треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19 за: вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен PCR или рапид тест.

За вакцинирани со две дози – сертификатот е валиден доколку се поминати од 14 дена до 9 месеци од примање на втората доза, а за вакцинирани со бустер (трета) доза – нема ограничување на рок на траење на сертификатот.

Доколку не поседувате сертификат за вакцинација, а имате прележано Ковид-19, во Грција може да влезете со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со PCR метод или со брз антиген тест (рапид тест), со важност од 14 до 180 дена по добивање на позитивниот тест.

Трета опција е со негативен PCR тест, направен до 72 часа или рапид тест направен до 24 часа пред влез во Грција.

Овие услови за влез во Грција важат за возрасни и за деца на возраст од 5 години па нагоре.

За влез во Грција потребно е да имате и пополнет PLF формулар, кој се пополнува online на интернет страната: https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR код.

При влез во Грција и понатаму ќе се прават случајни тестирања, а во случај на позитивен резултат на тестот на граница, се предвидува 5-дневен карантин во простор одреден од грчките надлежни органи.

Поопширно за условите за патување во Грција може да прочитате ОВДЕ.