Тбилиси, Грузија Photo: Kent Tupas/Unsplash

“Independent” го објави 27-миот извештај на “Merser” за трошоци на живот, според кој се рангирани најевтините градови за живеење во светот.

Во извештајот се анализирани податоци од 209 градови во светот, распоредени на 5 континенти, а анализите опфаќаат повеќе аспекти на трошоци за живот како: домување, транспорт, комунални услуги, храна, предмети и поправки во домот, здравствено осигурување, облека, рекреација и забава, алкохол и тутун.

Најевтин град во светот за живот е Бишкек во Киргистан, на второ место е Лусака во Замбија, а на трето Тбилиси во Грузија.

На листата најевтини градови за живот во Европа се Минск во Белорусија кој се наоѓа на 13-то место, а по него е Скопје кој е 18-ти најевтин град во светот.

Топ 20 најевтини градови за живеење во светот:

  1. Бишкек, Киргистан
  2. Лусака, Замбија
  3. Тбилиси, Грузија
  4. Тунис, Тунис
  5. Бразилија, Бразил
  6.  Виндхук, Намибија
  7. Ташкент, Узбекистан
  8. Габороне, Боцвана
  9. Карачи, Пакистан
  10. Банџул, Гамбија
  11. Исламабад, Пакистан
  12. Алжир, Алжир
  13. Минск, Белорусија
  14. Манагва, Никарагва
  15. Ереван, Ерменија
  16. Адис Абеба, Етиопија
  17. Алма Ата, Казахстан
  18. Скопје, Македонија
  19. Рио Де Жанеиро, Бразил
  20. Блантајер, Малави