“Ова е една од „најпланински“ земји во светот. Можеби помисливте на Швајцарија? Сепак не, станува збор за Северна Македонија. A, еве и други занимливости за неа.” – Во серијата кратки видеа “Ovo nismo znali” каде се споделуваат интересни факти за државите на Балканот, TRT Balkan објави видео за Македонија.
Погледнете како ја претставија нашата држава, каде споделија факти за Охридското езеро, пештерата Врело, Милениумскиот крст на Водно, Кокино, Шарената џамија во Тетово…
Кратко и јасно и одлична промоција на нашата држава, зарем не?!