Постои повеќе од 100 години и е отворен за посетители во текот на целата година, а од страна на “Swim the World” e прогласен за најфотографиран базен во светот. Базенот Bondi Icebergs се наоѓа во близина на познатата Bondi плажа во Австралија и треба да го ставите на вашата листа за посета ако сте во Сиднеј или во негова близина.
Bondi Icebergs титулата “Најфотографиран базен на светот” ја носи оправдано – заради глетката што ја пружа кон немирниот океан, која остава без здив. Без разлика дали е лето или зима, базенот овозможува пријатно доживување, но во зима може да го видите најдоброто од Бонди. Всушност, овој базен со клубот Bondi бил основан од пливачи и чувари на плажа, кои сакале да останат во форма и во текот на зимските месеци.
Денеска Bondi клубот содржи еден голем базен за возрасни, долг 50 метри и еден детски, плиток базен долг 25 метри, кој се наоѓа веднаш до големиот базен.