Патници, хотелиери и новинари учествувале во составување на листата на 50 најдобри хотели во светот за 2023 година, која е објавена на веб сајтот The World’s 50 Best Hotels.
На листата на прво место се наоѓа хотелот “Passalacqua” сместен на брегот на езерото Комо во Италија.
Хотелот е отворен во јуни 2022 година по долготрајно реновирање и всушност е вила од 18 век, која била поранешен дом на композиторот Бинченцо Белини и каде во текот на нејзиното постоење, престојувале и Наполеон Бонапарта и Винстон Черчил.
Сместен во спектакуларни градини со тераса, хотелот содржи само 24 соби за гости, распоредени во три објекти: главна вила, Palaz со осум соби и апартман со четири соби – Casa al Lago, кој се наоѓа веднаш покрај езерото.
Внатрешноста изобилува со оригинални фрески и резби на таванот кои дополнително се украсени со позлатени огледала, портрети од 19 век, лакирани антички маси, лустери од Мурано. Надвор, седум хектари перфектно уредени терасовидни градини со маслинови градини, мимози, рози и магнолија водат до терасата на базенот, која е преполна со живописни чадори за Сонце кои додаваат модерен шмек на инаку класичниот раскош.
Овде се ужива во мирна и опуштена атмосфера, налик на домашна, а храната е локална со сезонски состојки и може да се јаде насекаде во имотот. Исто така, има и бесплатни дневни активности, од курсеви за уредување на цвеќиња до часови за правење гелато.
За да престојувате во овој хотел, ќе треба да издвоите 1300 долари за едно ноќевање.