Островот Закинтос е еден од најпопуларните острови во Грција, асоцијација за него се плажи со тиркизно море и забава за млади, а како заштитен знак на островот е плажата со заринкан брод.

Како најуникатни плажи на островот се издвојуваат овие три:

1. Плажата Navagio – Ова е најпознатата плажа на Закинтос, каде се наоѓаат остатоци од брод кој пренесувал илегално цигари и заринкал на плажата во 1938 година. Моментално е забрането да се посети оваа плажа, заради опасност од рушење на делови од карпите кои ја опкружуваат плажата, но сепак може да се види од море, со тура со брод.

Photo: Kevin Charit from Unsplash.com

 

2. Плажата Porto Azzurro Vassilikos – На оваа плажа посетителите може да уживаат во ревитализирачка глинена, каллива бања, која има хранливи состојки кои помагаат во регенерација на клетките и имаат смирувачки ефект врз кожата и телото.

Photo: Emilija Spasovska Mojsovska

 

3. Плажата Xigia Sulfur – Ова е една од трите Xigia плажи на островот, со тоа што за оваа плажа е карактеристична млечна боја на морето, поради присуството на сулфурни извори што течат од блиските карстни морски пештери.

Photo: Emilija Spasovska Mojsovska

 

Освен овие три карактеристични плажи, Закинтос има уште многу други плажи каде може да уживате во релаксиран одмор, а ако имате среќа – и да пливате со голема морска желка.