Во пресрет на сезоната на летни одмори, тунискиот авиопревозник Nouvelair ќе започне со чартер летови на релација Скопје – Монастир, Тунис, известува магазинот Ex-Yu aviation.
Летовите ќе започнат на 21 јуни и ќе траат до 13 септември, a ќе сообраќаат за тур-операторот Аурора Турс. Летовите ќе се одвиваат со авион Ербас А320, со 180 седишта.
Тунис е одлична дестинација за летен одмор, каде треба да се доживее историјата, архитектурата, срдечните Тунижани, вкусната храна, морскиот брег во недоглед, идеално средените песочни плажи, пустинскиот песок, пријатната клима и секако, забавата на арапски начин. Репортажа за Тунис со предлог туристички места и атракции кои треба да се посетат, прочитајте на линкот:
За сино-белото, боемскo гратче во Тунис, Сиди Бу Саид, кое никого не остава рамнодушен, прочитајте поопширно: