Грчката авиокомпанија Aegean Airlines ова лето ќе започне со нова сезонска авионска линија од Скопје, известува Ex-Yu Aviation. Од 1-ви јуни авиокомпанијата ќе започне со редовни летови меѓу Скопје и грчкиот остров Крф, со авион ATR72-600 управуван од регионалниот бренд на Aegean – Olympic Air. Летовите ќе се одвиваат до 28 септември 2024 година.
Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје и Сараево.
Авионски карти за летот Скопје – Крф веќе може да се купат на веб страната на Aegean Airlines, а моменталната цена за повратна карта изнесува од 220 евра па нагоре.
Крф (Corfu) e грчки остров и една од најкосмополитските медитерански дестинации, богат со мултикултурно наследство, историски споменици, прекрасна природа, кристално чисто море и одлични временски услови во текот на целата година.