"Паун соба".

Сместен на врвот на рид во Лечио, на 40 километри јужно од Централна Фиренца во Италија, опкружен со дабова шума, дворецот Sammezzano никого не остава рамнодушен.

Изграден е во 1605 година од страна на шпанското благородништво за Ксимененес од Аргон. Во 1878 година бил место за престој на италијанскиот крал Умберто Први. По Втората светска војна дворецот бил претворен во луксузен хотел со апартмани, бар, спа центар, голф и кантри клуб и така опстојувал се до неговото затварање во 90-тите години од минатиот век. Оттогаш е празен и понекогаш се користел за филмски сетови и туристички еднодневни посети. Моментално е напуштен, нема струја и вода и огласен е за продажба за 18,5 милиони долари.

Дворецот е прогласен за еден од најдобрите и најважните примери на мавританскиот ориентален архитектонски стил. Содржи 365 соби, по една за секој ден од годината и дизајнот на секоја соба e уникатен и го одзема здивот.

Внатрешноста на Sammezzano е предизвик за секој фотограф, најфотографирана и најпозната е собата наречена “Паун соба” заради нејзинатата колоритност и геометрија која потсетува на опашка на паун. Исто така, има и Бела соба со марокански мозаични подови со плочки и лустери од ковано железо, галерија помеѓу просторија со огледала и мала капела.

Единствен текст напишан по колоритните ѕидови е “Non Plus Ultra”, во превод “Највисока точка или кулминација”, што во грчката митологија претставува предупредување за крајот на рамниот свет за истражувачите, па може и да се поврзе со визијата на архитектот на овој дворец – да ги шокира посетителите, да ги оттргне од овој свет со ентериерот од кој се останува со отворена уста.

За жал, дворецот повеќе од една година е затворен за посетители и се отвара само за посебни настани.