На крајот од оваа 2019 година може да се прогласи и моментално најмоќниот пасош на светот , а според аналзите од страна на Henley Passport Index, направени за пасошите на сите земји , оваа година првото место го делат Сингапур и Јапонија. Поседувањето на еден од овие два пасоша ви овозможува патување без виза во 190 земји, а по нив во 188 земји без виза може да патувате со пасош на Јужна Кореја, Финска и Германија.

Третото место го делат Данска, Италија и Луксембург , со влез без виза во 187 земји во светот, додека Франција, Шпанија и Шведска се на четврто место со посета на 186 земји без виза.

Македонскиот пасош е на 46 место на оваа ранг листа, а со него може да патувате без виза во 123 земји во светот.

Од регионот  – со бугарски пасош може да се патува во 168, со хрватски во 167, со српски во 131, со црногорски во 122, со пасош на Босна и Херцеговина во 116, со албански во 113 земји, а со турски во 110 земји.

Најдоле на листата се наоѓа пасошот на Авганистан со можност за патување без виза во само 25 земји во светот, а пред него се Ирак (со 27 земји), Сирија (со 29 земји), Сомалија и Пакистан (со 31 земја), Јемен (33), Либија, Палестина и Судан (37), Непал (38), па Либан и Северна Кореја (39 земји).

Најмоќни пасоши во 2019:

  1. Сингапур, Јапонија (190 земји)
  2. Финска, Германија, Јужна Кореја (188)
  3. Данска, Италија, Луксембург (187)
  4. Франција, Шпанија, Шведска (186)
  5. Австрија, Холандија, Португалија (185)
  6. Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка, Велика Британија, САД, Швајцарија (184)
  7. Малта, Чешка (183)
  8. Нов Зеланд (182)
  9. Австралија, Литванија, Словачка (181)
  10. Унгарија, Исланд, Латвија, Словенија (180)